Коментари за Безбеден и сеопфатен Brimbank 2020 - 2024 (нацрт стратегија)

 Коментари за Безбеден и сеопфатен Brimbank 2020 - 2024 (нацрт стратегија)

Општината Brimbank ја одобри за јавна дискусија Нацрт-стратегијата за безбеден и сеопфатен Brimbank 2020-2024. Вие можете да дадете коментари одговарајќи на прашањата во продолжение. Или, ако повеќе сакате, може да нѝ пратите одговор по електронска пошта (email).

Секој член на заедницата има улога во промовирањето на безбедна заедница. Нацрт-стратегијата е фокусирана на улогата на Општината и на тоа каде Општината може да има најголемо влијание во подобрувањето на безбедноста на заедницата. Нашата визија е Brimbank да биде отворена и разнолична заедница во која луѓето се чувствуваат безбедни, вклучени и способни да придонесуваат и учествуваат.

 

Во нацрт-стратегијата е претставен приодот на Општината во изградбата на безбеден и сеопфатен Brimbank, во следните приоритетни области:

  • Посилни заедници
  • Побезбедни улици и јавни простори
  • Стратегиски партнерства

Како да дадете коментари

Ако повеќе сакате печатен образец за коментари, пратете електронска порака (email) на адреса CPA@brimbank.vic.gov.au (Att: Social Planning & Policy Officer, Community Safety).

 

Што натаму?

Откако ќе бидат разгледани сите коментари, Општината ќе подготви конечна верзија на Стратегијата за безбеден и сеопфатен Brimbank 2020-2024, заради усвојување.

 

 

Back to Topics