Macedonian

Работиме на тоа да го направиме Brimbank динамичен, хармоничен и гостољубив – одлично место за живеење, работење и растење.   

На заедницата во Brimbank ѝ нудиме најразлични услуги.

Тие вклучуваат:

  • собирање отпад и рециклирање
  • одржување на локалните патишта, тротоарите, зелените површини и дрвјата во градот
  • регистрирање на домашни миленичиња
  • центри за одмор, спортски и рекреативни објекти и спортски терени
  • паркови и детски игралишта, пешачки и велосипедски патеки
  • библиотеки
  • центри во заедницата и Neighbourhood Houses (Куќи во заедницата)
  • Bowery Theatre и уметнички и културни програми
  • услуги за семејства, мали деца и младинци
  • услуги за лица во години
  • сали во заедницата за изнајмување; и
  • одобрување на градежни дозволи.

Ве молиме, контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со услугите што ги нуди општината или за плаќање на општински даноци и наплати.

Ако сакате да зборувате со нас на вашиот јазик, телефонирајте во TIS National Interpreting Service (Служба за усмено преведување при TIS National) на 131 450. Кога ќе одговорат на вашиот повик, кажете им на англиски на кој јазик сакате да зборувате.

Цената на повикот е иста како за локален телефонски повик.